понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Реконструкцијата е само за интереси, преживување ден плус и задоволување на хирот на Артан Груби

Јаревски: Реконструкцијата е само за интереси, преживување ден плус и задоволување на хирот на Артан Груби

„Сите укажаа дека надеж нема да биде подобро ќе биде само полошо, ефикасноста нема да се зголеми а и нема време. Како и да гледаме за изборите максимум за 10 месеци доаѓаат каде веќе нема бегање и таму ќе мора да се соочите со народот бидејќи сега не слушате, не ги гледате протестите и не ги согледувате нашите критики и совети“, рече пратеникот Тони Јаревски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Тој истакна дека вчера се докажа дека нема окрупнување на парламентарното ново мнозинството

„Власта вели дека ќе ги зајакне ЕУ позициите, а како ќе ги зајакне? Вчера како држава добивме шамар од друга држава членка на ЕУ, една од најстарите земји членки од Австрија, директно писмо од Австрискиот амбасадор каде вели дека тој сведочи и бара да се реагира за злоупотреба за која со месеци наназад реагираме, дека се злоупотребува Европското знаменце за закони каде не им е место каде европска регулатива не постои и тоа ви го кажуваат“, изјави Јаревски.

Јаревски е истакна за тоа за каква доверба говори власта кога не може да обезбеди книги на учебниците, а учебната година ќе заврши. Цела година бледи изговори и лоши изговори имаме, а уште не можат да им обезбедат книги и нивна безбедност на училиште.

„Во оваа реконструкцијата се само интереси и да се преживее ден плус. Да се направи уште едно тендерче или да се задоволи уште еден хир на Артан Груби. До таму стигнавме да Артан Груби и неговите желби да ни ја води државата. Одамна човечките капацитети и квалитети и резултатите во работата на институциите веќе не се мерило за успешност во оваа држава“, кажа Јаревски.

Најнови вести