недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лозановска: Новите министри и заменици министри на „Пазар 3“ коалицијата се за продолжение на криминалот, тендерите во четири очи и за пораз на Република Македонија

Лозановска: Новите министри и заменици министри на „Пазар 3“ коалицијата се за продолжение на криминалот, тендерите во четири очи и за пораз на Република Македонија

На денешната собраниска седница пратеничката Олга Лозановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека реконструкцијата со новите министри и заменици министри во оваа коалиција се за пораз на Република Македонија.

„Од страна на премиерот сите овие денови не слушнавме за предлозите за министри ниту за замениците министри. Не слушнавме ништо ни од пратениците освен критики за претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот си чита книга а во книгата можеби пишува како да навреди една колешка од опозицијата. Слушавме се друго само не за министрите и за заменици министри“, истакна Лозановска.

Таа истакна дека новите министри и заменици министри на „Пазар 3“ кои се договорени ќе бидат продолжение на криминалот, тендери во 4 очи и пораз на Република Македонија.

„Не кажавте ни за 26,000 евра наменети за спонзорирани постови на социјалните мрежи за се кажавте само не кажавте дека за 50 проценти се покачени основните продукти за исхрана, 30 проценти повисоки сметки за струја и парно, зголемени цени на сите неопходни работи за нормално функционирање на домаќинствата“, рече Лозановска.

Лозановска е децидна дека 90% од граѓаните веруваат дека Република Македонија се движи во погрешна насока, односно 9 од 10 испитаници тоа го кажале. 72,6% сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски односно за вистинските потреби на граѓаните. Нашата држава е маргинализирана, служи за потсмев, институционална запустена и финансиски пропадната и национално уништена. Со оваа власт патот кон Европската Унија е затворен.

Најнови вести