Пејачката Јелена Костов минатата година го роди своето второ дете и поради таа причина уште отсуствува од српската музичка јавна сцена.
Сепак, малкумина знаат што е по професија познатата пејачка и какво образование има.
Јелена дипломирала на Факултетот за уметности во Ниш, отсек општа музичка педагогија.
-Среќна сум што завршив музичка академија и што сега сум дипломиран теоретичар на уметност. Ако еден ден ми здосади да пеам, ќе можам да ги учам децата на училиште , изјави Јелена.
Во таа прилика таа призна дека знае што ќе прави доколку сака да се повлече од музичката сцена.