среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Околу 20 повредени во турбуленции во авион на летот Франкфурт – Маврициус

Околу 20 повредени во турбуленции во авион на летот Франкфурт – Маврициус

Околу 20 лица се повредени по тешки турбуленции на лет на авиокомпанијата „Кондор“ од Франкфурт, Германија, до Маврициус.

Меѓу повредените има патници и членови на екипажот.

Летот „ДЕ 2314“ ја напушти Германија синоќа. Авионот со 272 патници и 13 члена екипаж, го погодија турбуленции околу два часа пред да слета на аеродромот близу главниот град на Маврициус, Порт Луис, во Индискиот Океан.

Авионот безбедно слетал рано утрово.

Според гласноговорникот на „Кондор“, има и оштетувања во внатрешноста на авионот, за што допрва ќе следат проверки и проценки.

Најнови вести