Во светските медиуми вчера одекна веста дека пејачката Деми Ловато (25) е итно хоспитализирана.
Како што јавуваат медиумите, Ловато се предозирала, а докторите се бореле за нејзиниот живот.
Најпрво лекарската екипа која пристигнала во нејзиниот дом и дала дел Налоксон кој го поништува ефектот на предозирање, а откако била однесена во болница во Лос Анџелес докторите успеале да и ја стабилизираат состојбата.
Нејзиниот портпарол подоцна дал и куса изјава за Би-Би-Си.
-Деми е будна и е со нејзиното семејство кое изразува благодарност до сите за љубовта, молитвите и поддршката. Некои од објавените информации во медиумите не се точно и семејството замолува за приватност во овие моменти, вели портпаролот на пејачката.
Деми Ловато со години се бореше со пороците, но тврдеше дека веќе подолго време не конзумира дрога и алкохол.