Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, наводно била разочарана што нејзиниот сопруг имал „многу малку пари“ кога се запознале.
Ова го тврди кралскиот експерт Том Бауер, кој минатата година ја напиша книгата за одмаздата на Меган и Хари.
Како што понатаму наведува, поранешната актерка е опседната со пари.
-Нејзиното големо изненадување и разочарување беше тоа што принцот Хари имаше многу малку пари. Таа замислуваше дека тој ќе вреди стотици милиони, ако не и милијарди, рече тој, додавајќи дека парот не може да си дозволи да живее како што живее сега, додека биле официјални членови на кралското семејство.
„Меган сакаше да се вози во големи кадилак, приватни авиони и слични работи“, додаде Том.
Во 2021-ва година, списанието Форбс ја процени нето вредноста на Хари и Меган на 10 милиони долари, вклучувајќи го и остатокот од неговото наследство од неговата мајка, како и капиталот што парот го има во нивната вила во Калифорнија.
Од друга страна, кралското семејство кое тие го напуштија се проценува на 34 милијарди долари.