среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Позната причината за смртта на младиот актер

Позната причината за смртта на младиот актер

Братот на актерката Хајден Панетиер, Џенсен ненадејно почина на 19 февруари на само 28 години, а сега е откриена причината за смртта.

Семејството излезе со соопштение во кое се наведува дека младиот актер починал од зголемување на срце и компликации со аортната валвула, пишуваат странските медиуми.

Џенсен беше пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк од пријатели. Дојдоа да го посетат да видат што се случува бидејќи ја пропуштил средбата. Го затекнаа како „седи исправено на столот и не реагира“, па почнаа да го оживуваат, но безуспешно.

-Неговата харизма, топлина и сочувство кон другите и неговиот креативен дух ќе живеат засекогаш во нашите срца и во срцата на сите што ги запознал. Медицинскиот преглед извести дека ненадејната смрт на Јансен се должи на кардиомегалија (зголемено срце), заедно со компликации од аортната валвула, се наведува во соопштението.

Неговата последна улога беше во комедијата Love and Love Not од 2022 година.

Најнови вести