вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сеќавање: Седум години од смртта на академик Томе Серафимовски

Сеќавање: Седум години од смртта на академик Томе Серафимовски

Денеска се навршуваат седум години од смртта Томе Серафимовски, познат македонски скулптор.

Тој почина на 80-годишна возраст во Скопје. Серафимовски создал над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна СФРЈ и во светот.

Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни колекции, во галерии и во музеи, како и во многу други институции во светот. Во текот на 60-годишното активно творештво, Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби во земјата и во странство. Член бил на Друштвото на ликовните уметници на Македонија и една година негов претседател.

Во 1988 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, во 2003 година за странски член на Српската академија на науките и уметностите, а во 2006 година за член на Светската академија за уметност и наука со седиште во Сан Франциско, САД. Во 2010 бил избран за почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 2015 бил избран за странски член на Црногорската академија на науките и уметностите.

Во спомен на неговите предци и на неговото родно место, во 2008 година во селото Зубовце била осветена црквата „Св. апостол Тома“ чиј ктитор бил токму Серафимовски, а негово дело е и уникатниот иконостас во црквата.

За своето скулпторско творештво бил добитник на многубројни награди и признанија. Роден бил во гостиварското село Зубовце на 14 јули 1935 година.

Најнови вести