петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев ги покрива 330.000 евра што ги зема снаата на советничката Ласкова, членството на СДСМ револтирано

Заев ги покрива 330.000 евра што ги зема снаата на советничката Ласкова, членството на СДСМ револтирано

Наместо да ги вратат парите добиени од Фондот за иновации доделени на советничката на Заев, Цветанка Ласкова, но и од останатите функционери, Заев и СДСМ на секој начин се обидуваат да ги исперат и оправдаат корупциските скандали.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски на прес конференција манипулираше со граѓаните дека не знаел за злоупотребите на системот и не знаел дека функционери земале државни пари,  додека пак Цветанка Ласкова имаше неуспешен обид преку статус на Фејсбук да ги оправда доделените 330.000 евра пари на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е нејзината снаа, Христина Керкез.

Ласкова бесрамно се обидува да ги лаже граѓаните дека како советничка на Заев ниту имала влијание во доделување на парите, ниту знаела дека синот и снаата аплицирале, иако се дозна дека фирмата била основана само 43 дена пред јавниот повик. И додека од една страна ја лаже јавноста, од друга страна Ласкова веќе ги одработува овие пари.

Пред само 5 дена на  „Петтата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија“, советничката на Заев со срамен политички говор се обиде да го злоупотреби настанот.  Ласкова без никаков срам ги убедуваше децата бегалци кои имале тешка судбина и биле протерани од својот дом, дека треба да се поддржи договорот со Грција, иако овој срамен договор Зоран Заев се откажа од Македонците од Егејска Македонија.

Сето тоа предизвика бурни реакции кај граѓаните на Република Македонија, а особено и кај членството на СДСМ. Членовите на СДСМ се незадоволни и револтирани и разочарани  од своите функционери.

Членовите на СДСМ на Ласкова и напишаа  дека е срамота како функционери да земаат државни пари додека граѓаните немаат леб да јадат, а други немаат пари да се лекуваат. Тие и порачаа да не се брука повеќе, дека никој веќе не им верува, парите треба да се вратат и дека револтот на членството, функционерите допрва ќе имаат можност да го видат.

Најнови вести