понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фарса во струмичкиот суд: Градоначалникот Стојчев доби преквалификување на делото исто како Заев

Фарса во струмичкиот суд: Градоначалникот Стојчев доби преквалификување на делото исто како Заев

Невидена фарса се одвиваше денес во просториите на струмичкиот суд. Иако беа живи фатени од страна на полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети.

Пред воопшто да започне судењето, уште пред изведувањето на обвинителниот акт, обвинителката задолжена за овој случај го преквалификува делото- наместо да бидат гонети за криумчарење на непријавена стока, тие се обвинети за обид за криумчарење.

Вакво нешто се случи и при судењето на неговиот партиски шеф Зоран Заев во врска со неговото судење за случајот „Поткуп“ и на очиглед на целокупната македонска јавност делото му беше прекфалифкувано.

Судењето на Стојчев како почна експресно така и заврши експресно. Пресудите изречени од страна на судот покажаа дека речиси целото потесно семејство на Стојчев било вклучено во „фамилијарниот бизнис“.

Градоначалникот Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била вклучена во криумчарењето добила „само“ условна казна. Неговиот син, Виктор Стојчев 1 година, а исто толку доби и неговиот внук Горан Стојанов, додека неговиот пријател Митко Тодошевски доби 10 месеци.

Познавачите посочуваат дека овие изречени казни се срам за судството и за добрите познавачи на законите со оглед ако се знае дека градоначалникот Стојчев и неговата сопруга и претходно се осудувани за други дела.

Стојчев и во 2015 година е осуден со 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.

Најнови вести