Популарната актерка Милица Милша секојдневно снима нови епизоди од долгоочекуваната хит-серија на Жарко Јокановиќ „Закопане тајне“, која на ТВ Пинк почнува да се емитува на 20 март во 21 часот, а во текот на целиот процес успеала да ослабe 10 килограми.
Имено, актерката исфрлила два вида храна од исхраната – оние кои содржат шеќери и бело брашно. Исто така, таа јаде секаква храна, но повеќе не јаде големи порции.
– Многу ослабев и тоа веднаш го забележав во моите фустани, изјавила Милица за Хит.
-Сега носам гардероба што е за два броја помала. Шивачката мораше да ми ги стесни фустаните за снимање. Се чувствувам одлично, не ми се спие и имам енергија, се пофали Милша.