недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мауро Икарди има брутално згодна сестра која не ја сака неговата сопруга: Се фотографира гола, полугола и ги воодушевува фановите

Мауро Икарди има брутално згодна сестра која не ја сака неговата сопруга: Се фотографира гола, полугола и ги воодушевува фановите

Светската јавност е добро запозната со Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Икарди.

Двајцата Аргентинци се трудат секој ден да направат некој скандал за да се најдат на насловните страници.

Мауро Икарди има прекрасна сестра. Се вика Ивана и е многу популарна на социјалните мрежи. Синооката Аргентинка е секогаш актуелна и своите фанови секојдневно ги радува со атрактивни фотографии.

Сега отишла чекор понапред и објавила фотографија од базен каде запливала целосно гола. Таа го искористила престојот во Марбеља и да ги заинтригира своите фанови со зборовите:

„Луксуз е да бидете свои!“.

Нејзините обожаватели не го криеле воодушевувањето, па еден од нив бил искрен, пишувајќи:

„Ова е за срцев удар“, друг додал: „Прекрасна, мала сирена“, а трет: „Прекрасно тело имаш Ивана“.

Ивана Икарди (28) се занимавала со манекенство, а денес е позната инфлуенсерка во Аргентина. Таа била учесник во тамошното реалити „Големиот брат“ во 2019 година кога го освоила второто место.

Наредната година била учесник во истото реалити, но во Шпанија каде го запознала шпанскиот актер Хуго Сиера и подоцна се венчала за него.

Таа е свежо разведена веќе неколку месеци поради тоа што го завршила бракот со Хуго Сиeрa со кој ја има ќерката Џорџа која во август ќе наполни две години.

Со славниот фудбалер и братот Мауро (30), Ивана нема некои блиски односи. Тие двајца имаат и помлад брат Гвидо (26). За жал, додека биле деца нивните родители се развеле, па тие се отуѓиле. Поради тоа што татко им и мајка им се венчале по втор пат, Маурo, Ивана и Гвидо имаат пет полубраќа и полусестри. Ивана не била воодушевена што нејзиниот брат се венчал за Ванда Нара. Честопати јавно ја критикувала во разни емисии во Аргентина на што Мауро ѝ замерил, па меѓу братот и сестрата дошло до кавга.

Во едно ТВ шоу Ивана ѝ рекла на Ванда:

„Кога го напушти Макси Лопез, татко на вашите три деца и кога ја започна врската со Мауро, многумина кажаа дека семејството ќе се распадне, но јас бев на твоја страна. Мислев дека понекогаш во име на љубовта, сè може да се случи. Ме викна на вашата венчавка и ние две имавме добар однос, како сестрински, но тогаш не те познавав добро…“, рекла Ивана, па продолжила:

„Ванда, навистина си безобразна. Ме избрка од твојот живот и од моето семејство затоа што не сакаше да влезам во аргентинскиот „Голем брат“. Мене не ми дозволи, а потоа стана коментатор на истото реалити, но во Италија. Ти си навистина неверојатна жена. Сакаш да бидеш единствена ѕвезда во животот на мојот брат Мауро“.

Најнови вести