недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Чак Норис наполни 83 години: Цел свет се шегува на негова сметка, а тужеше само еднаш – овој виц за него му е омилен!

Чак Норис наполни 83 години: Цел свет се шегува на негова сметка, а тужеше само еднаш – овој виц за него му е омилен!

Карло Реј Норис е роден на 10-ти март 1940 година во Рајан, Оклахома. Неговиот татко бил алкохоличар и често бил отсутен од дома. Дури и двајцата помали браќа ги одгледа мајката Вилма сама.

Норис се приклучил на американските воздухопловни сили во 1958 година, а потоа бил испратен во база во Јужна Кореја каде што почнал да тренира корејска боречка вештина Танг Су До. Кога се вратил во САД во 1962 година, отворил неколку карате школи. Тој беше шесткратен светски шампион во тој спорт, а во 1972 година го запозна Брус Ли со кого глумеше во филмот „На патот на змејот“.

Подоцна Норис се запишал на часови по глума, па најмногу го одбележа улогата на Кордел Вокер во серијата „Вокер, Тексас Ренџер“.

Меѓутоа, нешто друго го одбележа Норис во историјата на поп-културата, популарните „факти на Чак Норис“, сатирични „факти“ за него кои станаа интернет феномен. Тоа се секако апсурдни претерувања на неговата сила, способности и мажественост.

„Фактите на Чак Норис“ се појавија на форумите на страницата „Нешто ужасно“ во 2005 година. На тие форуми корисниците најпрво направија слично нешто за актерот Вин Дизел, но откако Конан О’Брајан во своето шоу кажа неколку вицови за Чак Норис или Вокер, Тексас ренџерот, корисниците на форумот го прифатија Чак Норис како нивната нова тема.

И што рече самиот Норис на тоа?

Во својата објава на својата официјална веб-страница, Норис рече дека некои од шегите се навистина смешни и дека се труди ниту една од нив да не сфати лично. Тој додаде дека се надева дека овие извртени факти ќе ги поттикнат луѓето да истражат некои пореални факти за него.

Изгледа дека не му било баш во ред со тоа што другите се збогатуваат на негова сметка. Кога во 2007 година беше објавена книгата „Вистината за Чак Норис: 400 факти за најголемиот човек на светот“, Норис поднел тужба против издавачот затоа што го користел неговото име, без согласност, со цел збогатување, а во тужбата се наведува и повреда на правото на приватност . Меѓутоа, тој подоцна се откажа од тужбата.

Веќе една година подоцна, Норис реши шегите да ги претвори во заработка, а во 2009 година беше објавена „Официјалната книга со факти за Чак Норис“, чиј коавтор е самиот Норис.

И дали има омилен „факт“ за себе? Секако дека има. Норис прочита дел од шегите во една емисија и откри која му е омилена:

– Луѓето сакаа да го стават лицето на Чак Норис на планината Рашмор, но каменот не беше доволно силен за неговата брада,  рече тој.

Најнови вести