четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кузеска вели дека растот на минималната плата е доказ дека Владата се грижи за работниците

Кузеска вели дека растот на минималната плата е доказ дека Владата се грижи за работниците

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција изјави дека со минималната плата од 20.175 денари, Владата оствари уште едно ветување.

Година и половина порано, го реализираме ветувањето дадено пред граѓаните и работниците на изборите во 2020 година. Со СДСМ работникот го добива она што го заслужува, достоинствена плата за работата што ја извршува, изјави Кузеска.

Таа тврди дека времето кога работниците биле третирани како евтина работна сила заврши и дека Владата сега се грижи за нив.

Зголемувањето на минималната плата е особено значајно во време на криза, затоа што го јакне стандардот на работниците.

Според неа, растот на минималната плата е системско решение договорено со синдикатите и работодавачите и минималната плата ќе продолжи да расте, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Најнови вести