недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Сиера доби критики за проѕирниот фустан на Оскарите

Сиера доби критики за проѕирниот фустан на Оскарите

Американската пејачка Сиера е мета на критики за нејзиното појавување на забавата на Vanity Fair, која се одржа по церемонијата на доделувањето на Оскарите.

Таа за оваа пригода избра проѕирен фустан. Изгледот го комплетираше со ракавици и накит. Иако е сосема вообичаена практика јавните личности да се појавуваат во вакво или слични изданија на овие забави, Сиера доби многу негативни коментари.

„Не се однесуваш како добра мајка и сопруга. Жено, имаш три деца“, напиша еден корисник на Twitter.

„Каков срам. Очигледно е дека се облекуваш скудно затоа што твојата пејачка кариера оди надолу“, додаде друг.

„Не ми се верува дека се појави гола на Оскарите, а сопругот ѝ го дозволи тоа“, е исто така еден од коментарите.

Некои решија да застанат на страната на пејачката и да објаснат зошто критиките се неоправдани.

„Ако не ја разбравте шегата, уморна сум од сексистичките двојни стандарди и нападите врз Сиера поради фустанот што го носеше на Оскарите. Нејзино тело, нејзин избор. Мажите кои пораснале со еден родител мислат дека таа е не е достојна за брак и љубезен сопруг, бидејќи таа е самохрана мајка. Хејтери“, застана во нејзина одбрана активистката и новинарка Ола Оџевуми.

Најнови вести