сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џастин Бибер конечно може да се насмее: По парализата на лицето, пејачот има со што да се пофали (ФОТО)

Џастин Бибер конечно може да се насмее: По парализата на лицето, пејачот има со што да се пофали (ФОТО)

Минатата година Џастин Бибер ги загрижи сите откако откри дека се справува со синдромот Ремзи Хант. Оваа дијагноза му била дадена откако се пожалил на слабост, а потоа и парализа на еден дел од лицето.

Сега покажа како може да го „рашири“ лицето во насмевка, а со тоа и дека неговата борба не била залудна. Овој негов голем чекор секако беше проследен со бројни реакции од неговата публика.

Да потсетиме, Бибер минатиот јуни ја информираше јавноста за деталите за неговата здравствена состојба. Оттогаш, тој имаше неколку концерти, но откажа многу други, како и остатокот од неговата турнеја.

-Чекајте… – го потпиша своето видео во кое се насмевна, што претходно не можеше да го направи.

Очигледно, тој повторно е во состојба да „владее“ со двете страни на лицето.

Во септември минатата година тој објасни дека морал да ги откаже настапите бидејќи болеста се проширила и тогаш рече:

-Сега ќе се одморам од турнеите. Ќе бидам добро, но ми треба време за одмор и заздравување, напиша тој и им се заблагодари на своите фанови за поддршката и молитвите и им порача дека ги сака сите.

Дека не му било лесно, опиша уште во јуни, кога открил со какви симптоми има и со што се соочува.

-Сè потешко ми е да јадам, ме фрустрира тоа. Ве молам, молете се за мене – апелираше тогаш музичарот, бидејќи имаше и такви што се налутија поради откажаните концерти.

Најнови вести