По кратко боледување синоќа во Белград на 92-годишна возраст почина композиторот, пејач и долгогодишен уредник на Српската радио-телевизија Радослав Граиќ.
Радослав Граиќ, пејач и композитор, е роден во 1932 година во Босна и Херцеговина. Имајќи наследен музички талент од неговиот татко, тој често пееше на училишни претстави. Учeл во Травник, а во 1950 година завршил гимназија во Бања Лука, каде што посетувал и музичко училиште.
Од Втората светска војна живеел во Белград, каде дипломирал историја на уметност на Филозофскиот факултет, како и соло пеење на Музичката академија. По предлог на Дубравка Нешовиќ, тој почнал да пее во хорот на Радио Белград, а набрзо оди на аудиција кај Властимир Павловиќ Царевац и со тоа станал вокален солист на народна музика на тоа радио.
Иако најмногу создавал за вокални солисти на народна музика, бил многу успешен и како композитор на забавни песни кои често и самиот ги интерпретирал. Добитник е на бројни награди и признанија за вокална изведба и композиторска работа.
Освен како пејач и композитор, Радослав Граиќ беше и поранешен музички уредник. До неговото пензионирање уредувал многу важни емисии и серии.
Неговата песна „Мито бекријо“, која ја прослави Василија Радојчиќ, стана толку популарна што и денес многумина мислат дека тоа е изворна песна.