понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Годинава послаб квалитетот на зрната кај житните култури во кумановско

Годинава послаб квалитетот на зрната кај житните култури во кумановско

Квалитетот на зрната кај житните култури годинава во поширокиот кумановски регион е со послаб квалитет во однос на претходните години поради честите врнежи од дожд во текот на летово, информираа денеска надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство Куманово.

Оттаму потенцираат дека поради климатските услови и  жетвата се одвива со намален интензитет согласно временските прилики.

Индивидуалните земјоделци годинава засеале пченица на површина од 10.800 хектари, а претпријатијата на 2000 хектари.

– Досега претпријатијата ожнеале 1.500, а земјоделците 8.100 хектари или 75 проценти од вкупните површини. Просечните приноси кај претпријатијата се движат до пет тона додека кај земјодлеците од 2,5 до 3,5 тони по хектар, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути.

Од вкупно 7.850 хектари со јачмен, ожнеани се 4.480 хектари од вкупно насеаните 6.850 хектари од земјоделците и 800 од 1.000 хектари  кои ги насеале претпријатијата или над 80 проценти од површините. Просечниот принос се движи слично како и кај пченицата од 2,5 до 3,5 тони кај земјоделците и до пет тони кај претпријатијата.

Жетвата кај површините со тритикале се движи околу 60, а кај овесот околу 50 проценти.

МИА

Најнови вести