вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дваесет основци од Кавадарци на бесплатен летен камп во Михајлово

Дваесет основци од Кавадарци на бесплатен летен камп во Михајлово

Дваесет основци од Кавадарци утре заминуваат на бесплатен летен камп во одморалиштето Михајлово. Шеста година по ред општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци организира ваква награда за ученици  со понизок економски статус на нивните семејства.

Претседателот на Советот Димитар Каракулев, денеска информираше дека се работи за деца кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето.

Секретарот на Советот, Костадинка Лалкова нагласи дека целта е да се стимулираат останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци.

На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат  програма за работа и планирани забавни активности.

– Оваа година одржувањето на летниот камп Михајлово 2018 година го помогнаа општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини, до кои што изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, додаде Лалкова.