Момците од познатото дуо – ДНК, Панчо и Андреј беа помеѓу наградените на овогодинешната „Златна Бубамара“, која се одржа пред неколку дена во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
ДНК доби статуетка за најпопуларна група за 2022 година, а тоа е уште едно признание за нивната работа, не само изминатата година, туку и многуте години наназад…
И се ќе беше вообичаено со оваа награда, меѓутоа Панчо и Андреј решија да направат хуман потег кој е вреден за аплауз.
Имено, тие решија оваа статуетка да ја стават на лицитација и парите од истата да бидат наманети за фондацијата „Марко Божиновски“.
Лицитацијата е веќе во тек до среда навечер, а веќе во четврток ќе биде соопштен новиот сопственик на оваа важна награда за ДНК.
По тој повод, момците од групата оваа информација ја соопштија на нивните социјални мрежи и истата ќе ви ја пренесеме во целост:
„Драги наши. Нагардите до секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и Златна Бубамара за дадената награда и укажаната чест за истата. Оваа наша награда решивме да ја ставиме на “лицитација” и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата “Марко Божиновски” кои помагаат на сите оние места и фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите. Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000ден. и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственик на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (напишана во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената “Борис Трајковски” Ви благодариме за вниманието и би ве замолиле да го споделите статусот се со цел да стигне до што поголем аудиториум.
Ваши, Панчо и Андреј.
ПС: Лицитацијата ќе се затвори во среда вечер и во четврток ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек“ – стои во нивната објава.
Инаку ова не е прв хуман гест на познатото дуо, напротив тие досега помогнале на многу луѓе кои имаат егзистенционални проблеми, безразлика дали тоа било помош во паричини средства, храна, средства за хигиена и што ли уште не…