„Социјалистичката партија на Македонија без особено изненадување го следи медиумскиот притисок што власта го прави за наводниот почеток на процедурата за промени на македонскиот Устав.“-велат во соопштението.
-Секојдневно нелегитиминиот премиер и неговите министри Маричиќ, Османи, Груби и други постојано кажуваат смешни приказни колку е убаво да се смени Уставот и дека од тоа зависи иднината на државата.
Тие безочно лажат дека сè ќе зависи од таа промена. Тие се под стрес, но и од лукративни причини настојуваат прифатените бугарските уцени да ги преточат во уставни промени.
Најавата за уставни промени што мнозинството граѓани не ги прифаќаат е доказ за отуѓеноста на власта која не ги слуша ниту почитува граѓаните.- додаваат од таму.
„Социјалистичката партија на Македонија укажува дека наводно започнатите лобирања, уцени, условивања, закани или секакви ветувања кај пратениците кои се против овие измени се веќе видена работа и тоа овој пат на оваа безумна антидемократска и антимакедонска клика нема да и се дозволи.
Затоа што зад опозициските пратеници од Коалицијата “Обнова на Македонија” цврсто стои македонскиот народ и граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија им порачува на лобистите од надвор, како и на власта, да се воздражат од недостојни и провидни паради и манифестации на убедувања со уцени во Македонија. Веќе се прочитани и не може да се повтори донесување на одлуки со кои се губи македонскиот идентитет и достоинство.
Власта како и надворешните претставниците мора да ги почитуваат критериумите од Копенхаген за прием каде не е предвидена измена на уставот за да се задоволат барањата на бугарите и нивните поддржувачи.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека власта мора да бара измени на срамниот Договор за добрососедство со Бугарија, особено бришење вториот Протокол и измена на Преговарачката рамка за преговори со оглед дека се срамни и понижувачки за секоја држава.
Доколку власта не е подготвена за тоа мора да си оди и да се спроведат итни и неодложни избори со кои ќе се формира власт што ќе работи во интерес на државата и граѓаните.“-стои во нивното соопштение.