понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Доаѓаат новите „Power Rangers“: Објавен е и трејлерот, еве каде можете да го погледнете специјалот

Доаѓаат новите „Power Rangers“: Објавен е и трејлерот, еве каде можете да го погледнете специјалот

Серијата враќа неколку ѕвезди од оригиналната серија, која траеше само три сезони.

Познатата серија „Power Rangers“, по 30 години од нејзиното создавање, ќе има свој специјал кој ќе се емитува на Нетфликс. Објавен е и трејлерот каде што можеме да видиме како ќе изгледа се.

Серијата враќа неколку ѕвезди од оригиналната серија, која траеше само три сезони, но создаде огромна франшиза, како што се Дејвид Јост (Синиот Ренџер/Били Кренстон), Волтер Е. Џонс (Црниот Ренџер/Зек Тејлор) и Барбара Гудсон (Рита Репулса).

Се враќаат и Кетрин Сатерленд (Кет Хилард/вториот Розев Ренџер), Стив Карденас, (Роки ДеСантос/вториот Црвен Ренџер), Каран Ешли (Ајша Кембел/вториот Жолт Ренџер) и Џони Јонг Бош (Адам Парк/вториот Црн Ренџер), пренесува „Daily Mail“.

Како што е најавено, премиерата ќе биде на 19-ти април.

Погледнете го трејлерот: