На 24 март 1845 година во селото Лешок, Тетовско, умрел Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започнал во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжил во манастирот Света Гора.
Од Света Гора се вратил во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почнал да пишува.
Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик.
Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски.
Роден бил во селото Теарце, Тетовско, околу 1771 година.