среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

САМО ТАКА ЌЕ СЕ ПОДОБРИТЕ: Четири прашања кои треба да си ги поставувате себеси секој ден!

САМО ТАКА ЌЕ СЕ ПОДОБРИТЕ: Четири прашања кои треба да си ги поставувате себеси секој ден!

Самоподобрувањето е единствениот пат кој може да ви обезбеди напредок во животот.

Секој ден, човекот треба да се труди побрзо и подобро да ја врши својата работа и сите свои обврски, да биде подобар пријател, партнер и колега.

Само преку реална слика за себе можете точно да видите каде сте и во кои сегменти од животот можете да се подобрите, за утре да бидете посреќни и поуспешни.

Треба да застанете за момент и да погледнете што правите во моментов. Ако гледате телевизија или скролате низ сликите на телефонот, додека фантазирате за вашиот идеален партнер или одмор на Санторини, губите време наместо да ги реализирате вашите желби.

Важно е постојано да учите, да се менувате, да ги искорените лошите навики и да се трудите да бидете подобра личност. Затоа навистина застанете, барем еднаш неделно, и поставувајте си прашања за тоа кои сте и каде сте во моментов на патот кон исполнување на сопствените желби и цели.

1. Што научив?

Денот во кој ништо не сте научиле е потрошен ден. Треба да истражувате нови работи со детска љубопитност и со тоа да го збогатите вашето знаење. Исто така, постојано учете повеќе за она што веќе го знаете, за да станете поумешни.

Експертизата ќе ве направи подобар работник, а општите знаења ќе ве направат поинтересен пријател и соговорник.

2. Што ме нервира?

Неопходно е да разберете кои се главните извори на вашиот стрес и да размислите како можете да го апсорбирате. Всушност, ако вашиот стрес и нервоза се предизвикани од факултетот или вашето семејство, нема да можете да се ослободите од тој проблем туку така.

Од друга страна, ако одредена личност ви предизвикува стрес, не двоумете се да се тргнете од неа и да престанете да комуницирате со неа. Ако е работа, размислете за промена.

3. Како се чувствувам?

Исто така, потребно е да ја следите состојбата на вашата душа и кои чувства преовладуваат во вашето секојдневие во последниот период. Ова е многу важно кога станува збор за грижа за себе. Обидете се да идентификувате што ве тера да чувствувате конкретни емоции. Работите што ве прават среќни и прават да се чувствувате подобро, правете ги почесто, а работите што прават да се чувствувате лошо, правете ги што е можно помалку.

Неопходно е човек да се погрижи за тоа бидејќи кога е расположен има повеќе волја за работа и желба да прави добри дела, отколку кога е мрзлив или тажен.

4. Што им давам на другите луѓе?

Има радост во давањето, а секој повеќе ги цени дарежливите луѓе. Се разбира, не се работи само за материјални подароци; понекогаш е доволна насмевка, како и убав збор или комплимент.

Да ги правите другите среќни треба да ви донесе и среќа, подобри односи и добро расположение. Само нека биде искрено и од срце.