вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Спасовски државата ја претвори во мафијашки полигон, а за тоа одговорност мора да има

Стоилковски: Спасовски државата ја претвори во мафијашки полигон, а за тоа одговорност мора да има

Почитувани, СДС не знае каде тера, МВР со Оливер Спасовски наместо борба со криминалот, МВР го претвори во испостава на мафиите, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање, став за денешните убиства и грабежи кои што се случуваат во Македонија.

Стоилковски додаде дека Спасовски државата ја претвори во мафијашки полигон, а за тоа одговорност мора да има.

-Само во последните 12 часа, се случува убиство во скопски Капиштец, тежок грабеж во скопски Аеродром, и двата настани се во близина на центарот на Скопје, а според информации, обезглавено тело е најдено во близина на Скопје, на патот кон ГП Блаце. Македонија, почитувани, ја претворија во мафијашки полигон, а сето тоа е резултат на состојбите за коишто подолго време укажуваме, Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка! Одговорност мора да има, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

Најнови вести