вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално

Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално

Партиското влијание врз јавната администрација или воопшто го нема или е минимално, вели за Детектор пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.

„Јас сум убедена дека партиското влијание и сега или воопшто го нема или е минимално. Доказ за тоа се огласите што ги објавува Агенцијата за администрација, работни места не се пополнуваат, доколку има партијата влијание ќе најде начин да ги пополни работните места. Ако ги видите одлуките за избор, ќе видите колку лица, ние сме мала држава посебно ние кои доаѓаме о градовите од внатрешноста на државата се знаеме ќе видите колку лица што немаат допир со ниедна политичка партија или пак се можеби поблиски до опозицијата наоѓаат место во јавната администрација и се вработуваат. Со тек на време и лидерите на политичките партии, мислам дека ќе се смени климата, и во таа насока мислам дека се движиме, само треба да ја направиме администрацијата попривлечна за искусен кадар и попрофесионален кадар“, вели Николовска на Детектор.

Најнови вести