недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На денешен ден: 35 години од смртта на Славјанка Влахчева, првата медицинска сестра во Македонија

На денешен ден: 35 години од смртта на Славјанка Влахчева, првата медицинска сестра во Македонија

На 4 април во 1988 година во Скопје почина Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија.

Влахчева е родена во Штип во 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград во 1924 година.

Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борба против маларијата. Подоцна преминала на работа во Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје.  Имала особена заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на бесеже вакцинацијата.

Активно ја помагала НОАВМ и во борбите за ослободувањето на Скопје се приклучила во Четиринаесеттата македонска младинска НО ударна бригада „Димитар Влахов“.

По Ослободувањето добила задача да основа Училиште за медицински сестри во Скопје во 1945 година и била именувана за негов прв директор.

Пројавила и особена активност во Црвениот крст на Македонија.

Најнови вести