сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Конечно е откриена причината за смртта на братот на Мадона

Конечно е откриена причината за смртта на братот на Мадона

Ентони Чиконе, најстариот брат на пејачката Мадона, почина минатиот февруари.

Според странските медиуми, тој страдал од разни здравствени проблеми и во моментот на смртта се посомневале дека животот му го одзел рак на орофаринксот (средниот дел на фаринксот). Бидејќи бил и пушач, се верувало дека само ја влошил целата ситуација.

Според, сега, официјални информации – Ентони починал од респираторна инсуфициенција и рак на грлото, пишува „ТМЗ“.

Веста за неговата смрт, да потсетиме, ја објави Џо Хенри, сопругот на сестрата на Мадона, Мелани, на својот Инстаграм.

Поп-кралицата и другите членови на семејството, инаку, имаа многу комплицирани односи со него.

-Иако со текот на времето се оддалечија поради сето она со кое се соочуваше во текот на животот, Мадона го поддржуваше како што можеше, односно како што ќе и дозволи, рекол извор за „Пипл“, нагласувајќи дека семејството редовно го посетувало во домот каде што бил последните месеци.

Најнови вести