сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба на поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија со албанскиот претседател Бегај

Средба на поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија со албанскиот претседател Бегај

Делегација на Исламската верска заедница на Република Македонија, предводена од поглаварот Реисул-Улема Шаќир ефенди Фетаи, е во посета на Албанија.

Делегацијата беше примена од шефот на државата Бајрам Бегај за што тој објави на Фејсбук.

– На моите ценети гости им го честитав Светиот месец Рамазан и високо ја оценив улогата на оваа заедница во зачувувањето и пренесувањето на најценетите вредности на албанштината, како и промоцијата на меѓурелигиската хармонија, стои во објавата.
Делегација на исламска заедница на средба со Бегај

Муслиманските верници Светиот месец на постот Рамазан го почнаа на 23 март, кој е од особено значење за верниците насекаде во светот. Празникот Рамазан Бајрам е на 23 месецов и се одбележува три дена.

Најнови вести