понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јовески: Невработените немаат волја активно да се вклучат во пазар на труд за ниска плата, тие мигрираат или работат во сива зона

Јовески: Невработените немаат волја активно да се вклучат во пазар на труд за ниска плата, тие мигрираат или работат во сива зона

„Многу голем дел од оние кои што заминуваат од Македонија одат со тенденција повеќе да не се вратат односно одат со цел еден заминува, а потоа се обидува што повеќе членови од потесното или поширокото семејство да ги повлече. Тоа е едниот аспект кој што влијае на пазарот на трудот. А, другиот аспект е да се повеќе да јавната администрација губи од работници и тоа губи квалитетни работници. И сето ова влијае на намалување, минимално, но од квартал во квартал се намалува по некој процент невработеноста во Македонија. И тука треба да бидеме свесни дека не станува збор за реално раздвижување на економските процеси во земјата кои што акумулираат работна сила од онаа база на невработени, над 100.000 луѓе кои што се потенцијални кандидати за вработување“, истакна професорот Лазар Јовески во гостување во емисијата „За или против“.

Јовески додаде дека во Македонија има околу 30-тина проценти сива економија. И тоа е многу висока бројка особено за економија каква што има Македонија. Значи дел од тие невработени веќе работат во таа некоја сива зона кои што се ангажирани со договори, авторски договори итн.

„Покрај миграцијата на работната сила, покрај сивата економија, ние во Македонија имаме стареење на население. И немаме оној природен раст на населението. И тоа е проблем во цела Европа“, рече Јовески.

Тој посочи дека Македонија реално се соочува со недостаток на работна сила.

„И дел од оние кои што се невработени немаат волја, немаат интерес, не сакаат иако се водат како невработени активно да се вклучат во пазар на труд односно да се вработат за ниска плата“, нагласи Јовески.
Тој укажа дека државата нема економски потенцијали кои што ќе ги мотивира невработените да се вработат.

Најнови вести