понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јовески: Синдикатите треба да бидат вклучени во рамките на системот на определување на плати, вака државата сака да стави буквално контрола во однос на системот на плати

Јовески: Синдикатите треба да бидат вклучени во рамките на системот на определување на плати, вака државата сака да стави буквално контрола во однос на системот на плати

„Во делот на јавниот сектор државата сака да стави буквално контрола и надзор во однос на системот на плати односно се што е поврзано до плати, со надоместоци на плати, додатоци на плати и други парични примања и давања да биде директно, координирано, насочено, организирано преку алатките на државата односно нејзините органи. Овој модел е својствен за некои системи кои што се наше минато односно во социјалистичкиот период, комунистичките начини на размислувања за тоа како треба платата да се уреди и како таа треба да се дели на работниците. Но, во рамките на пазарната економија, во капитализмот, платата е флексибилна категорија и таа зависи не само од волјата на државата, да државата може да стави одредена рамка, системска, каде што ги дава контурите во кој дел треба да се движат социјалните партнери. Но, Колективниот договор според мене најдобро би можело да се уреди со колективни договори“, истакна професорот Лазар Јовески во гостување во емисијата „За или против“.

„Проблемот со колективни договори во Македонија е што не се склучуваат, а оние кои што се склучени не се почитуваат. Имаме проблем со примената на сублементацијата на колективните договори. И сега гледајќи дека со колективни договори не можеме да го решиме проблемот или се обидуваме но не е како што сакаме, се оди во друга крајност, во друг екстрем да се уреди тоа со државна интервенција, со државните алатки, каде што државата ќе биде таа што ќе одлучува од прво до последно што ќе се случува со платите. Значи зборувам за јавниот сектор“, појасни тој.

Тој посочи дека тоа е погрешно решение во основа, затоа што е чекор назад. Потребна е социјална свест и зрелост да се остави простор и во јавниот сектор, покрај бизнис секторот, синдикатите да бидат вклучени во рамките на системот на определување на плати. Не може да се исклучат вработените.

Најнови вести