И покрај најавите за реконструкција и опремување на болниците низ државава, Општата болница во Кичево е во хаос. Граѓаните не можат да добијат соодветна здравствена грижа бидејќи или нема апарати или условите се несоодветни.
Граѓаните обвинуваат дека ниту здравствениот кадар не си ја работи работата зошто нема основни апарти потребни за секојдневно функционирање.
Упатените во здравството велат дека дел од апаратите како ехо, а и оние на рентген, не работат. Не се извршуваат никакви операции хируршки, гинеколошки не се подготвени ниту за порордување со царски рез, а не се прават ниту други потребни гинеколошки интервенции кои се особено важни за здравјето на жената.
Дополнително на ова нема ниту инфектолог, дел од нив се префлени во други градови. Колку за илустрација единствениот анестезиолог е префлен на работа во Битола. Единствената грижа коментираат упатените е само како да се згрижи партискиот кадар, а не оној што реално недостасува за граѓаните да добијат соодветна медицинска грижа.
Надежите на граѓаните на Кичево дека ќе биде завршена новата болница, не се остварија, а тие и понатаму ќе мораат здравствените услуги да ги добиваат во болничка зграда изградена пред 90 години и каде што ни минимум не се задоволени стандардите за една здравствена установа. Се што беше започнато да се прави е целосно стопирано. Или како што сведочат пациентите „згора на се и чекалниците личат на вистински отпад за стар мебел и други предмети“.