сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каракачанов: Интересот за запишување на стручен кадар во областа на железничкиот сообраќај е мал, тоа се должи на лошата состојба во железничкото претпријатие Македонски железници АД Транспорт и инфраструктура

Каракачанов: Интересот за запишување на стручен кадар во областа на железничкиот сообраќај е мал, тоа се должи на лошата состојба во железничкото претпријатие Македонски железници АД Транспорт и инфраструктура

Професорот Александар Каракачанов, член на Комисија инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ и професор на денешната панел дискусија насловена “150 години железници во Македонија 1873-2023″зборуваше за формирањето на железничкиот училишен кадар односно за продуцирањето на кадар во областа на железничкиот сообраќај. Тој во текот на своето обраќање потенцираше дека интересот за запишување на стручен кадар во оваа област е мал, а тоа се должи на лошата состојба во железничкото претпријатие Македонски железници АД Транспорт и инфраструктура.

-Интересот е мал во запишувањето на стручни кадри во училиштето пред се тоа се должи на лошата состојба во железничкото претпријатие Македонски железници АД Транспорт и инфраструктура. Доколку се подобрат условите за работа, секако интересот ќе биде уште поголем и тоа ќе овозможи продуцирање на соодветен кадар, а без соодветен стручен кадар било кое претпријатие во делот од областа на транспортот или некоја друга област тешко може да функционира. Сеуште во АД Транспорт и инфраструктура е потребен стручен кадар за да може да се подобрат на некој начин условите за работа, истакна Каракачанов.

Тој во текот на своето обраќање се осврна на историјатот на железницата и железничкото претпријатие и потребата од стручен кадар во оваа област.

-Работам во средното училиште Владо Тасевски како професор по сообраќајни стручни предмети, односно по дипломирањето дел со колегите се вработивме како стручен кадар во делот на образување на кадри за железница. Ова училиште е создадено од железничкото транспортно претпријатие во тоа време некаде 60-тите години каде се оформуваше железницата во Македонија и се јавило потреба до стручен кадар за потребите на железничкото претпријатие и е донесена одлука за формирање на железнички училишен центар кој ќе продуцира стручен кадар во Македонија, работници кои што ќе извршуваат одредени работни задачи во делот на железничкиот транспорт и организирањето на железницата. Училиштето функционира и ден денес , во изминатите години се продуцирани доста кадри кои што моментално наоѓаат работа и работат и творат во делот на железничкиот транспорт, рече тој.

Каракачанов посочи дека во ова училиште се образуваат кадри во делот на техничари за железнички транспорт и машиновозачи за дизел електрични возила, а во моментот се работи на нова програма за техничар за влеча, машиновозач која што се планира да се воведе наредната година.

-Во моментот образуваме кадри во делот на техничари за железнички транспорт и машиновозачи за дизел електрични возила. Некаде со реформите во образованието кои што се наметнуваат на некои 10-тина години, се реформираат наставните програми и планови, така сме ние и во чекор со останатите земји од регионот кој што на некој начин се усогласуваме со наставните програми и планови. Во моментот работиме на нова програма за техничар за влеча, машиновозач која што планираме да ја воведеме наредната година како редовна настава во нашето училиште, кажа тој.

Најнови вести