вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Одбележани 79 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев во Велес

Одбележани 79 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев во Велес

Општина Велес и тимот на детската градинка која го носи неговото име денеска одбележаа 79 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев.

По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на херојот поставена во Младински парк.

Со свечена програма и настап на најмладите – децата во градинката, оваа јавна Детска установа го одбележа својот патронат. Пред спомен бистата во дворот на градинката, цвеќе положија и вработени во установата, претставници на основните и средните училишта и јавните институции од градот.

Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27 годишна возраст активно се вклучува во подготовките на вооруженото востание. Тој е еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот.

Димче Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ.

Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година. (МИА)