Постојат две врсти на херпес – херпес симплекс и херпес зостер, а во организмот навлекуваат кога ни е опаднат имунитетот.
Почест е херпесот симплекс. Се враќа секој пат кога сме под претеран стрес, после некои бактериски инфекции или долги вирусни респираторни инфекции.
Инаку, херпесот симплекс е заразна инфективна болест која се карактеризира со локално избувнување на мали, болни меурчиња исполнети со бистра течност. Озбилни компликации можат да се јават кај новороденчиња, како и кај лица со сида или лица на кои имунитетот им е опаднат поради други пореметувања или лекови.
Почесто се јавуваат кај луѓе кои се на хемотерапија и оние кои боледуваат од автоимуни болести или примаат имуносупресивна терапија како кај ревматолошки артритис.
Херпесот зостер се јавува кај луѓе кои во детството прележале сипаници или варичела, а најчесто кај лица над 35 години.
И едниот и другиот херпес се лечат со маст и креми против вируси, како и со внесување на Б комплес витамини други додатоци кои го подигнуваат имунитетот.
Битно е да се знае, дека околу нас се наоѓаат милијарди вируси и бактерии кои најчесто не влегуваат во нашиот организам се додека ние не им ја “отвориме вратата”. А вратата им ја отвараме тогаш кога се исцрпуваме, не се храниме квалитетно и на време, кога неактивно се лечиме од болести и го разладуваме телото кога треба да го затоплиме.
Најдобра превентива од херпес е да се чуваме и да ја зголемиме отпорноста и снагата на организмот.