четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Дрога пронајдена во чоколадни зајачиња

Дрога пронајдена во чоколадни зајачиња

Белгиските цариници конфискуваа три чоколадни зајачиња на аеродромот Завентем во Брисел, бидејќи анализата утврди дека се направени од чист метилендиоксиметамфетамин (MDMA), односно психоактивна дрога попозната како „екстази“.

-Пратката била пријавена како сувенир со вкупна вредност од 145,2 евра, пишува Brussels Times.

„Она што на почетокот изгледаше како вкусно задоволство за децата, по анализата се покажа дека е чист МДМА, наменет за производство на апчиња екстази“, изјави портпаролот на Федералната јавна служба за финансии Френсис Адинс за агенцијата Белга.