среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кучето Бејли стана вирален хит поради неверојатната сличност со Снупи (ФОТО+ВИДЕО)

Кучето Бејли стана вирален хит поради неверојатната сличност со Снупи (ФОТО+ВИДЕО)

Инстаграм профилот на еден мини шипадудл по име Бејли стана вирален благодарение на неверојатната сличност на слаткото црнобело кученце со Снупи од цртаната дружина „Peanuts“.

Бејли, кој следниот месец ќе наполни 2 години, има исто долгнавесто лице како Снупи и идентична распределба на боите – бела глава, пресладок црн нос и долги, бушави црни уши. Кученцето е исто така изненадувачки фотогенично и смирено позира за совршени фотографии и видеозаписи.

Иако Снупи е бигл, а расата на Бејли е мини шипадудл, резултатот од вкрстување на англиски овчар со минијатурна пудлица е речиси совршена копија на нацртаното животно во реалниот живот.

Снупи е познато куче од стрипот „Peanuts“ на Чарлс М. Шулц кој настанал во октомври 1950 година. Исто така се појавуваше во разни телевизиски специјали, а во облик на голем балон е постојан гостин на парадата на Денот на благодарноста во Њујорк.

Снупи се појавува и во вестите овие денови бидејќи маицата со неговиот лик станува се попопуларна во акцијата на Црвениот крст која ја поттикнува целата држава на донирање крв.