среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кучето на Џо Бајден вон Белата куќа поради агресивност кон вработените

Кучето на Џо Бајден вон Белата куќа поради агресивност кон вработените

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, по име Командер, кое постојано напаѓало и каснувало членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друго место.

Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година. На една вработена неодамна ѝ била потребна и лекарска помош откако била нападната и касната од оовој двегодишен германски овчар.

Елизабет Алегзандер, претставничка на првата дама Џил Бајден, потврди дека Командер во мигов не е во комплексот на Белата куќа и oти „се проценуваат следните чекори“ околу домашниот миленик.

Таа истакна дека семејството Бајден доста посветено се грижи за безбедноста на своите вработени и сите други кои ги штитат секој ден.