среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

(ВИДЕО) Го исфрлија натпреварувачот од „Најслабата алка“, а ги имаше сите точни одговори: Се срамам“

(ВИДЕО) Го исфрлија натпреварувачот од „Најслабата алка“, а ги имаше сите точни одговори: Се срамам“

Во целиов регион, внимание привлече една ситуација во квизот „Најслабата алка“ кој се емитува на телевизијата „Прва“, а непријатно му беше дури и на водителот, актерот Никола Којо. Натпреварувачот Владимир беше исфрлен од двајцата преостанати натпреварувачи, иако имаше дури 22 точни одговори и ниту еден неточен.

„Имаше можеби еден. Еден или два“, рече натпреварувачот Југослав.

„А Владимир?“, праша Никола Којо.

„Немаше погрешни одговори. Па, во принцип, играта е таква. Ова е квиз во кој тактиката е еден од основните делови“, вели натпреварувачот Југослав.

„Па, да..Ама има нешто што се вика витештво. Дали ви е малку непријатно?“, рече Никола Којо.

„Не знам во која смисла би ми било непријатно. Тоа е дел од играта, составен дел од овој квиз, овој формат. Така го разбирам“, рече натпреварувачот Југослав.

„Добро.. За разлика од Владимир, ти Миљане имаш неточни одговори. Дури си добар во тие неточни одговори. Можам да разберам сè, освен можеби есперанто, но како да го разберам ова“, рече Никола Којо.

„Раката одеше или на В или до J, а таа отиде на В (првата буква на името на Владимир)“, рече натпреварувачот Миљан.

„Во ред.. срам ми е… Владимир, немаше ниту еден неточен одговор во вечерашната емисија. Градежен работник си без постојана работа.. Дали после овој квиз сонуваше да одиш во Египет? “ изјави Никола Којо.

„Да, животна желба“, рече натпреварувачот Владимир.

Што велите за ова гласање?“, праша водителот Никола Којо.

Нека послужи на нивната чест“, рече натпреварувачот Владимир.

„Па, и јас го мислам истото. Владимир, со 22 точни одговори вечерва и ниту еден неточен, ти си морален победник. Ти си пример за младите како да работат и учат, што значи суштинско образование, а што значи формално образование. За жал, твоите колеги рекоа дека ти си најслабата алка, а јас се срамам што морам да ти го кажам тоа. Збогум. Секоја чест“, рече Никола Којо.