среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Откако сите ги подготвивте велигденските јајца, еве што треба да направите со првото јајце од лани

Откако сите ги подготвивте велигденските јајца, еве што треба да направите со првото јајце од лани

На Велики четврток, домаќинките стануваат пред зори и ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца, но најзначајно според верувањата е првото вапцано јајце во домаќинството или народски чуваркуќа како што се нарекува, бидејки тоа ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло. Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден.

Најголем дел од домаќинките останатите јајца ги офарбаа истиот ден (четврток), но многумина тоа го направија денес, на ден пред Велигден.

Кога и да сте ги офарбале јајцата, колку јајца и да имате, првото е многу важно.

Што да направите со првото велигденско јајце од лани?

Според верувањата кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Други обичаи кажуваат дека ланското велигденско јајце, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, бидејки старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.