среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Хрватската претседателка Колинда се огласи по смртта на Оливер- еве што вели

Хрватската претседателка Колинда се огласи по смртта на Оливер- еве што вели

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ испрати сочувство до семејството на Оливер Драгојевиќ кој остави голем белег врз хрватската антологиска музика, а неговото заминување цела Хрватска го доживеа како загуба на некој нивни близок член од семејството.

-Почитувано семејство Драгојевиќ со длабока тага и жал ја примив веста за смртта на Оливер Драгојевиќ, единствениот уметник на далматинските звуци и глас кој не пратеше целиот наш живот. Не тешеше во нашите тажни мигови, разнежнуваше во нашите љубовни моменти како и ни ги разубавуваше нашите весели и радосни моменти. Песните на Оливер не пратat нас од детството и затоа неговиот глас не можеме никогаш да го заборавиме, бидејќи тој глас бил дел од нашите најсреќни моменти во нашите животи. Оливер беше навистина волшебен пејач, знаеше да ги допре чувствата на различната публика, од најмладите до најстарите.

Во писмото се наведува дека со неговиот глас растеле многу предци, рибари и капетани.

-Почитувано семејство со длабока тага со вас, примете го моето искрено сочувство, вели Китаровиќ.

Најнови вести