вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони
МИА

На граничниот премин Евзони попладнево за влез во земјава се чекаше повеќе од еден час поради зголемен прилив на туристи кои продолжениот велигденски викенд го искористија да престојуваат во Грција.

Извори од грчка страна за дописничката на МИА брифираа дека вечерва веќе се намалени гужвите, функционирале четири ленти за излез од Грција, а коментираат дека имало зголемен сообраќај што потсетува на летен период.

Од Авто мото сојузот на Македонија за МИА информираа дека најголемата гужва била во попладневните часови, но дека сега таа е намалена.

Најнови вести