АД ЕСМ вчера произведe 10.559 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
Притоа, во термоелектраните се произведени 4.887, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.672 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.680 мегават часови електрична енергија, посочуваат од Владата.