четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Ќе се гради Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион

Ќе се гради Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион

Договор за изградба на Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион денес беше потпишан помеѓу ЦРВПР и изведувачот на работите АС Машини Кавадарци.

Општините Кавадарци, Велес, Росоман, Неготино, Градско, Свети Николе, Лозово, Демир Капија и Чашка усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштата на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.

Локацијата на објектот е во населба Глишиќ на површина од 5470 м2. Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14.892.319 денари.

Дел од средствата во висина од 5.119.385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.

Согласно динамиката за изведување на градежните работи , целиот проект треба да биде готов во наредните 6 месеци.