недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако дозна дека се и препишал на својата мајка се јави и сопругата на Хакими, сите ги насмеа со својот коментар

Откако дозна дека се и препишал на својата мајка се јави и сопругата на Хакими, сите ги насмеа со својот коментар

По бурата во медиумите предизвикана од веста дека Хиба Абук нема да добие ништо од нејзиниот сопруг Ашраф Хакими во бракоразводната постапка бидејќи тој го префрлил целиот имот на мајка си, шпанската актерка се огласи на Инстаграм.

Поради обвинувањата против Хакими за силување, Абук поднесе барање за развод, а потоа и барање за половина од имотот на мароканскиот фудбалер.

Меѓутоа, Хакими го препишал својот имот на мајка си Садија Мут, па на хартија тој практично нема ништо, па неговата сопруга нема да добие ниту мал дел од богатството што го заработил.

И покрај сите обвинувања против фудбалерот, тој доби значителна поддршка на социјалните мрежи, а самата Хиба објави мистериозна порака на својот Инстаграм профил.

„Запомнете, не можете да контролирате сè во животот, но можете да контролирате како реагирате на тоа. Ослободете ја потребата за совршенство, прегрнете ја убавината на сегашниот момент и верувајте дека универзумот ви го чува грбот“, порача таа.

Абук, која е 12 години постара од Хакими, зад себе има успешна актерска кариера, а на публиката ѝ е најпозната по улогата во серијата „El Principe“.

Се проценува дека нејзината нето вредност е околу 2 милиони долари, а со оглед на тоа што „според документите“ поседува повеќе од фудбалерот, француските медиуми пренесуваат дека половина од тоа треба да му даде на Хакими, а во исто време да ги покрие неговите правни трошоци.

Најнови вести