среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ТРИ едноставни навики кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот – треба да ги применувате секојдневно

ТРИ едноставни навики кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот – треба да ги применувате секојдневно

Според неврофизиолозите потребно е малку за да направиме многу за себе. Експертите сметаат дека наједноставните навики всушност се најмоќни.

„За да функционирате подобро, да размислувате побрзо и да живеете поздраво, секоја личност треба да дава приоритет на овие три работи – спиење, вежбање и исхрана“, вели Луиса Никола за „Mind Body Green“.

Спиење

„Спиењето е најпотценетиот алат на високите перформанси кои ги имаме. Тоа не е само клучно за моменталното влијание туку и за доживотното здравје на мозокот“, вели Никола. Таа препорачува да го нагодите конзистентното време за спиење и будење, да ги пригушите светлата додека тонете во сон и да внимавате вашата спална соба да биде доволно студена.

Вежбање

Вежбањето е императив за здравјето на мозокот. Никола препорачува аеробни вежби и тренинг на отпор за оптимално стареење на мозокот. Аеробните вежби ја поттикнуваат работата на срцето, што го поттикнува дотокот на крв во мозокот, а ова доведува до повеќе кислород и хранливи материи во мозокот. Исто така се покажало дека аеробните вежби создаваат нови неврони во регионот на мозокот поврзани со помнењето, учењето и емоциите.

Исхрана

Се препорачува да се погрижите да добивате доволно хранливи материи кои ќе го поддржуваат мозокот.

„Генерално треба да имате голем избор за овошје и зеленчук, особено зелен зеленчук. Рибата исто така е најважна поради што се залагам сите да додаваат омега три масни киселини, особено EPA и DHA. Овие хранливи материи можат да имаат влијание на учењето, церебралниот проток на крв, па дури и поддршка во расположението“.