Убавата манекенка Билјана Јаневска е избрана за нов генерален секретар на Либерално Демократската партија во Карпош.
„Почитувани пријатели, на моја огромна чест и задоволство, од денес сум именувана за нова генерална секретарка на ЛДП во Карпош! Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса да се покажам и докажам со напорна работа. И благодарам на претседателката Моника Зајкова, му благодарам на генералниот секретар Боби Мојсоски, на сите членови во извршен одбор за довербата. Да, за Европска Македонија! Се ми е како во сон !Благодарам од срце ! Да живее ЛДП ! Од Јас нема шанси да се бавам со политика, до ЛДП мојата најголема пасија ! Со срце за КАРПОШ !“, објави Јаневска на Фејсбук.
Јаневска беше избрана за прва придружничка за Мис модел туризам во светот. На престижниот избор освои три титули за убавина во три различни категории.