среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Празнување по повод 100 години од возобновување на црквата Света Петка во тетовско Стенче

Празнување по повод 100 години од возобновување на црквата Света Петка во тетовско Стенче

Голем број верници дојдоа денеска во тетовско Стенче на празнувањето кое се организираше по повод 100 години од возобновувањето на црквата Света Петка, која се наоѓа на Сува Гора.

Празничната литругија ја отслужија свештениците Ненад Ѓорѓески и Илија Депостовски, по што се одржа водосвет и режење на кумските колачи. На пладне почна заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта и сеопшта народна веселба.

-Денот беше одбележан славенички, голема благодарност до сите кои помогнаа во обновата, до сите верници кои го посетија храмот, информираше Петре Гроздановски, благајник на Црковниот одбор.

Во пресрет на одбележувањето на едновековниот јубилеј Црковниот одбор изврши подновување на црковната околина и инфраструктура односно се постави црковно ѕвоно – камбана, нова влезна врата и летниковец.

Црквата Света Петка, која датира од 1923 година се наоѓа во планински предел над селото на планината Сува Гора. Од 2018 година црквата Света Петка е една од дестинациите на планинарско-рекреативната пешачка акција „Милениумска патека“.

Најнови вести