недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Jавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“

Jавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“

Во Скопје денеска ќе се одржи јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, која ги интегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место.

Веб-страницата има и посебен дел посветен на имунизацијата со што им овозможува на родителите, старателите и на јавностa пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место.

Веб платформата ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска поддршка од УСАИД.

На презентацијата, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

Претседателката на Националниот комитет за имунизација д-р Александра Грозданова ќе зборува за делот за имунизација, а Елица Стојаноска, претставничка од „Мој Термин“, ќе ја презентира платформата „Е-Здравство“. 

Најнови вести