среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбележана годишнината од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов

Одбележана годишнината од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов

Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, Христо Узунов.

Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк. Општинска делегација присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во кичевското село Цер.

Со културно-уметничка програма патрониот празник го одбележа и Општинското основно училиште „Христо Узунов“.

Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. Пред 118 години, на 24 април 1905 година, откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците.

Најнови вести